Повеќе од 20.000 домаќинства во Бостон се без електрична енергија поради така наречената циклонска бомба, која во градот донесе снег, голомразица и силни ветрови.
Според прогнозите на метеоролозите дека циклонската бомба ќе го погоди источниот брег на САД, веќе пристигна до Бостон.
– Сите училишта се затворени, а ќе бидат отворени и засолиништа, а ако се влоши ситуацијата со поплавите ќе се нареди и евакуација на населението, изјави градоначалникот на Бостон, Марти Валш.
Гувернерот на Масачусетс, Чарли Паркер изјави дека бурата во околината на Бостон била пропратена со бранови кои предизвикале „ретко видена поплава“.
Тој додаде дека 26 од 78 општини на брегот на Масачусетс имале проблем во поплавите.
Екстремните временски услови донесоа и снег во Флорида, првпат по неколку децении. Гувернертите на Флорида, на Џорџија и на Вирџинија прогласија вонредна состојба и ги предупредија граѓаните да не излегуваат од домовите.
Поради екстремно студеното време во текот на неделата починаа 12 лица, шестмина во Висконсин, четворица во Тексас, еден во Северна Дакота и еден во Мисури. Поголемиот број од починатите биле бездомници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.