| четврток, 6 декември 2018 |

Готвач ја распарчил, а потоа зготвил жена си

Пред скоро три години брутално убиство ја потресе Австралија. Маркус Волке (28), готвач од Бризбејн ја распарчил својата сопруга и зготвил делови од нејзиното тело. Убиството се случило во октомври 2014 година. Полицијата дошла во неговиот стан откако соседите се пожалиле дека оттаму доаѓа чуден мирис. Подоцна е откриено дека неговата убиена сопруга Мајанг Прасетјо (27) всушност е трансексуалка од Малезија.

Кога полицијата почнала да разговара со Волке, тој на почетокот соработувал и не бил сомнителен. Кога го прашале дали може да го разгледаат станот, тој рекол дека мора да се погрижи за кучињата и се дал во бегство.

Полицијата во станот пронашла делови од телото на неговата сопруга.

Во текот на истрагата било откриено дека двојката се запознала во Мелбурн, Австралија, каде што Волке работел како жиголо бидејќи морал да го отплати долгот на кредитната картичка. Мајанг му помагала да добива клиенти. Склучиле договор според кој тој би и помогнал да добие постојана виза и да остане во Австралија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top