Очајните настапи на Енди Мареј во оваа 2017 година продолжија и на турнирот во Рим, каде британскиот тенисер беше елиминиран на својот премиерен дуел, губејќи со 0-2 од Фабио Фоњини.
Мареј лани го освои турнирот во италијанскиот главен град, но првиот светски рекет дефинитивно е далеку од посакуваната форма, па уште еден силен турнир заврши при стартните рунди, откако слично претходно мина и во Монте Карло и во Барселона.
Фоњини неочекувано доминираше од самиот старт, победувајќи во првиот сет со 6-2, a потоа фуриозно го стартуваше и вториот сет, со два брејка и водство од 4-1. Мареј направи еден брејк до крајот, но немаше сили за целосен камбек, губејќи го овој дуел со 6-2, 6-4.
Претходно, Ѓоковиќ во рамките од второто коло го совлада Бедене со 7-6, 6-2, Бердих рутински славеше против Берлок, додека Ник Киргиос поради повреда мораше да го откаже својот настап во Рим.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.