| четврток, 6 декември 2018 |

Голден стејт го потопи Сан Антонио за 2-0 во серијата на западот (видео)

golden stejt

Голден Стејт поведе со 2-0 во западното НБА финале против Сан Антонио, откако со убедлив триумф од 136-100 триумфираше во вториот натпревар. Неиграњето на најдобриот играч на „мамузите“ Каваи Ленард и тоа како се почувствува и „воините“ имаат чувствителна предност во серијата и веќе десет меча не знаат за пораз во плеј-офот.

Во првото полувреме кошаркарите на Голден Стејт запишаа 23 асистенции што е израмнување на рекордот на Хјустон од пред 20 години.

Стеф Кари со 29 поени беше лидер во екипата на Стив Кер. Уште петмина играчи на вицешампионот постигнаа двоцифрен број на поени: Патрик Мекоу (18), Кевин Дурент (16), Дрејмон Грин (13), Шон Ливингстон (11) и Ијан Кларк (10).

Кај Сан Антонио прво име беше Џонатан Симонс со 22 поени, а Давис Бертанс запиша 17 поени.

Третиот натпревар се игра во ноќта помеѓу сабота и недела во 3.00 часот по полноќ по средноевропско време.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top