| четврток, 6 декември 2018 |

Светот во паника: Погледнете што може да направи новата севернокорејска ракета (видео)

Северна Кореја во неделата го лансирала новиот балистички проектил „хвасонг 12“, кој е прикажан на воената парада минатиот месец.

Тоа е десеттата ракетна проба на Пјонгјанг оваа година, а „хвасонг 12“ има најголем дострел досега. Оваа проба била успешна, а тестираната ракета може да носи и нуклеарна боева глава.

Лансирањето било надгледувано лично од Ким Јонг Ун. Државните медиуми во Северна Кореја наведуваат дека ракетата летала 787 километри и дека достигнала висина од 2.111 километри. Тие бројки се совпаѓаат со извештаите на американските и јапонските службеници.

Тоа значи дека ракетата летала многу високо, што овозможило да не лета преку некои други земји. За да лета со стандардна траекторија и висина се проценува дека би имала дострел од околу 4.500 километри. Тоа значи дека во нејзин дострел е американската база во Гуам, наведува BBC.

Северна Кореја соопштила дека станува збор за моќен проектил кој може да понесе „голема и тешка боева глава“.

Експертот за одбрана, Мелиса Ханам за Би-Би-Си вели дека таквото соопштение остава многу можности. Можно е Пјонгјанг уште да не успеал да произведе компактна боева глава, како и тоа дека новата боева глава ќе биде претставена во иднина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top