Македонскиот репрезентативец и член на тимот на Лугано, Езџан Алиоски е на радарот на неколку бундеслигашки екипи од кои најзаинтересирана е Херта од Берлин. Но, германските медиуми пренесуваат дека дополнителни две екипи ќе се борат за потписот на нашиот интернационалец, а тоа се Борусијa Дортмунд и Хофенхајм.
Неговиот договор со швајцарската екипа е во трајност до 2018 година, но добрите игри во тамошното првенство му донесоа интерес од фудбалските гиганти во Германија. „Милионерите“ од Дортмунд најавуваат дека Алиоски би можел да биде замената за Обамејанг, или пак, партнер на Габонецот во нападот.
Алиоски оваа сезона има фантастични бројки зад своето име – 16 гола и 11 асистенции. Доколку се остварат предвидувањата, македонскиот фудбалер од наредната година би требало да го гледаме во Бундеслигата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.