| четврток, 6 декември 2018 |

И локални и парламентарни избори во октомври

akt243-izbori-vednas-1

Народот се чувствува постизборно измамен со тиранската платформа и затоа на анкетата на ИРИ мнозинството смета дека треба да има нови избори. Анкетата на ИРИ покажа дека народот му го врти грбот на лидерот на СДС Зоран Заев и не сака криминалец да ја води државата. Речиси двојно е поголема поддршката што ВМРО-ДПМНЕ ја има во однос на поддршката на СДС, се вели во денешното соопштение на  ВМРО-ДПМНЕ во кое уште еднаш од партијата го повторуваат ставот дека во октомври заедно со локални треба да се одржат и предвремени парламентарни избори.

Од партијата посочуваат дека СДС мора да се соочи со граѓаните и да види што мисли народот за нивната деструктивна политика. Доколку постои барем малку храброст, чесност и одговорност кон сопствениот народ, СДС ќе се согласи во октомври заедно со локалните да се одржат и предвремени парламентарни избори на ист трошок. Криминалецот Заев така ќе слушне од прва рака што мисли народот за неговата антидржавна политика.

Народот, како што се наведува во соопштението, не сака туѓи платформи и виткање на сопствената „кичма“ за туѓи цели и интереси.

Порано или подоцна, според нив, Заев ќе се соочи со судот на народот и предупредува СДС да не помисли да бега од локалните избори како што претходно два пати бегаше од одржувањето на минатогодишните парламентарни избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top