| четврток, 6 декември 2018 |

Џафери е незаконски претседател за Климовски, Георгиевски и Вељаноски, Талат остана легитимиран само од СДСМ

pretsedateli

Незаконски и нелегитимно назначениот претседател на Собранието Талат Џафери остана легитимиран само од СДСМ, откако на свиканата средба со поранешните претседатели на Собранието се појавиле само Стојан Андов, Тито Петковски и Никола Поповски. Иако, поканети биле и Љубиша Геогриевски, Саво Климовски и Трајко Вељановски сепак тие не присуствувале на оваа средба.

Поранешниот спикер Саво Климовски, кој беше претседател на Собранието во период од 1998 до 2000 година, потврди дека не присуствувал на средбата со Џафери.

-Во петокот ја добив поканата. Но ги информирав службите во Собрание дека имам неодложни обврски поради кои не можев да присуствувам и се извинив, вели Климовски за Фактор.

Претходно, веднаш по изборот на Џафери, Климовски излезе со став дека изборот на Талат Џафери за спикер на Собранието не е легитимен.

Изборот на Џафери не е легитимен затоа што е надвор од Деловникот и Уставните одредби, рече Климовски.

Покана имало и за Љубиша Георгиевски, кој беше претседател на Собранието во период од 2006 до 2008 година. Георгиевски за Фактор потврди дека имал покана, но не отишол на средбата.

„Така сакав“ – одговара Љубиша Георгиевски на прашањето од кои причини не присуствувал на средбата со Џафери.

И Георгиевски претходно коментираше дека изборот на Џафери е прекршување на сите деловници и правилници за работа на Собранието и вака не може да помине. Според него, нелегитимно е немањето на записник од текот на расправата а гласањето и броењето на гласовите не е според правилата.

– Со други зборови ова е качачка процедура. Kачаци влегоа во парламентот, си избраа нелегитимен претседател, претходно испеаја химна од туѓа држава на говорница.

Најстрашното, пак, е што ако остане Џафери на позицијата, никој не би можел да го спречи, на пример, во даден момент, да прогласи анексирање на Македонија кон Албанија, вели Георгиевски.

На средбата свикана од Џафери не присуствувал и довчерашниот прв човек на Собранието, Трајко Вељаноски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top