Кошаркарите на Бостон Селтикс стигнаа до голема победа над Вашингтон во седмиот натпревар од полуфиналето на Истокот, славејќи со 115-105, па на тој начин си обезбедија финале против Леброн Џејмс и неговиот Кливленд.
Во првото полувреме се играше максимално израмнето на дуелот со мала предност во текот на двете четвртини на Бостон. Сепак, на крајот Вашингтон со одлични неколку минути пред одморот, стигна до 53-55 на полувремето.
И во третиот период се играше кош за кош на двете страни, за да Бостон фуриозно ја почне последната четвртина., па стигнува и до предност од 13 поени разлика. Сето тоа беше доволно рутински да го приведат натпреварот до крајот.
Најефикасен кај Бостон беше Ајзеа Томас со 29 поени, дополнето и со 12 асистенции. Но, херој на победата на Селтикси беше одличниот Кели Олиник кој запиша 26 поени, пет скока и четири асистенции. Дури 14 поени постигна во последната четвртина кога се кршеше резултатот. Солиден беше и Хорфорд со 15 поени.
Кај Вашингтон се издвои Бредли Бил со 38 поени, а Ото Портер постигна 20 поени, дополнети и со 10 скока. Маркиф Морис и Џон Вол постигнаа по 18 поени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)