Претседателот Емануел Макрон го назначи Едуар Филип за нов премиер на француската влада, јави дописникот на МИА од Париз.
Премиерот Едуар Филип ќе ја има задачата да обезбеди парламентарно мнозинство на идните парламентарни избори во Франција, закажани за 11 и 18 јуни годинава, што на претседателот Емануел Макрон треба да му овозможи да ги спроведе најавените реформи и својата програма.
Едуар Филип (46) е млад градоначалник и пратеник од Авр. Во политиката влегол како симпатизер на социјалистот Мишел Рокар, за во моментов да биде многу близок до Алан Жупе и да е член на Републиканците, поранешната УМП.
Потегот на Макрон со назначувањето на Едуар Филип, исто така, има силна политичка заднина бидејќи со тоа тој сака на своја страна да ги привлече разочараните републиканци, особено по катастрофалната кампања на Франсоа Фијон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.