Поранешен министер, адвокат, нотар, поранешен и актуелен директор на НЛБ Тутунска банка и други лица, меѓу кои и едно лице државјанин на Република Словенија, се осомничени дека преку финансиски трансакции переле пари, соопштуваат од Јавното обвинителство.
Од Обвинителството не откриваат колку пари се испрани и кои се лицата кои го оштетиле буџетот на државава.
Според соопштението од Обвинителството, постојат сомненија дека во периодот од 2006 до 2017 година биле преземани дејствија за основање фирми, подигање кредити и пренесување на парични средства во Словенија и во австриски фирми, а потоа дел од парите се инвестирани во основање нови фирми и купување недвижен имот на подрачјето на град Битола.
Со цел да утврди факти и да обезбеди докази, Обвинителството во соработка со Министерството за внатрешни работи издало наредби за анализа на финансиски трансакции и обезбедување на целокупниот доказен материјал од имотна, финансиска и управна природа.
Пред неколку недели од НЛБ Тутунска банка беше соопштено дека на спектакуларен начин од банката трезорист заедно со службеничка, а со помош на неговиот брат и пријател од банката биле украдени околу три милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.