Луѓето се плашеле, а и уште се плашат од легендарниот Бермудски триаголник. Според непотврдена статистика, во тој дел од океанот досега исчезнале 8.152 луѓе. Во однос на тоа, во внатрешноста на појасот на Бермудскиот триаголник се забележани исчезнувања на бродови и авиони, и многу од нив никогаш не биле пронајдени.
Легендата вели дека океанографот доктор Мејер Верлаг открил две огромни кристални пирамиди во длабочината од 2.000 метри. Тој и неговата екипа користеле сонари, електроакустични уреди за пребарување и одредување на далечина, длабочина и за идентификација на подводни движечки и недвижечки објекти.
Како што тврди теоријата на заговор, Верлаг вели дека понатамошната истрага на овие пирамиди може да открие повеќе информации за мистериозните исчезнувања на подрачјето на Бермудскиот триаголник.
Сведоците кои преживеале стравични незгоди на Бермудскиот триаголник споменуваат морски чуда, а постоечките докази укажуваат на тоа дека некои од исчезнатите бродови исчезнале токму поради тој вртлог феномен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)