| четврток, 6 декември 2018 |

Регулаторна одлучи: Поевтинуваат бензините и дизелот

benziska

Бензините поевтинуваат за три, додека дизел горивото доби цена пониска за два денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Во следните две недели, еден литар Еуросупер БС – 95 ќе се продава по 63 денари, додека новата цена на Еуросупер БС – 98 ќе биде 65 денари за литар.

Новите цени на дизелот и екстра лесното масло за домаќинство се намалуваат за два денари, па така еден литар Еуродизел (Д – Е V) ќе чини 49 денари, додека новата цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ – 1) ќе биде 37,50 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот M – 1 НС се намалува за 1,145 денари за килограм и новата цена ќе биде 25,252 денари за еден килограм.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top