| четврток, 6 декември 2018 |

Тепачка на македонска свадба во Австралија: Гостин ги фаќал жените, кумот уапсен (Фото)

01

Свадбата на Метју Карионе и Ребека Бечваровска во Сиднеј не завршила како што посакувале младенците. Веселбата била прекината со крвава тепачка меѓу гостите, предизвикана од едно лице кое според сведочењето на мајката на младоженецот Зорица, ги фаќало жените, па дури и ја штипнал девојката на кумот за задникот, јавија австралиските медиуми.

Oд обезбедувањето на објектот изјавиле дека во текот на вечера виделе како неколкумина од гостите како бркаат еден човек.

– Го фатија и почнаа да го тепаат со тупаници и со клоци. Едвај успеавме да ги раздвоиме, изјавил член на обезбедувањето.

02

24-годишниот кум на крајот бил приведен поради агресивно однесување кон полицијата, а едно лице завршило во болница со скршен нос.

03

И покрај немилите настани на веселбата, младенците на крајот заминале на медем месец.

04

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top