Сан Антонио можеше да ја сочува високата предност од 25 поени во мечот против Голден Стејт, да не беше повредата на најдобриот поединец на тимот, Каваи Ленард.
Фантастичниот шутер кој во два и пол периода постигна 26 поени, принудно ја напушти играта во средината на третиот период, по еден дуел со грузискиот кошаркар Заза Пачулија. Центарот намерно го удри Ленард при шут, по што Американецот доскокна лошо и ја обнови повредата на глуждот која го мачеше во изминатиот период. Тој беше веднаш префрлен во болница, а за тежината на повредата дополнително ќе се утврдува.
There's no convincing me Zaza Pachulia wasn't trying to injure Kawhi Leonard. Dirty play. pic.twitter.com/O2vn3SSfKd
— Dan Molloy (@DanMolloyTV) May 14, 2017
На социјалните мрежи за Пачулија се пишува со голема осуда, а љубителите на кошарката во своите коментари бараат суспензија од НБА за центарот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)