| четврток, 6 декември 2018 |

Се повреди Ленард, Сан Антонио прокоцка 25 разлика и загуби во првиот меч од финалето на западот (видео)

golden stejt

Голден стејт поведе со 1-0 во финалната серија на Западната конференција против Сан Антонио, добивајќи го премиерниот дуел на домашен терен со 113-111. Победата е уште позначајна ако се земе во предвид очајното прво полувреме по кое гостите водеа со огромни 20 поени разлика (42-62).

Сан Aнтонио во третиот период имаше и „плус 25“, но тогаш повреда заработи најдобриот кошаркар на спарси, Каваи Леонард, кој до тој момент за 24 минути на теренот имаше постигнато 26 поени. Повлекувањето на Леонард, кој воедно одигра и одлична одбрана против Кевин Дурант, целосно ги исфрли од ритам гостите, а Голден стејт го искористи тоа и со серија од 19 поени се врати во мечот.

kevin durant

„Мамузите“ на стартот од последната четвртина повторно имаа двоцифрена предност, но во меѓувреме проработе и Кевин Дурант, кој го врати својот тим во ритам и го иницираше пресвртот заедно со Стеф Кари. На две минути до крајот гостите последен пат водеа, со 103-106, но Кари погоди тројка по два офанзивни скока на домашните кошаркари. „Воините“ полни со самодоверба го одиграа финишот и на крајот заслужено славеа со конечни 113-111, најмногу благодарение на феноменалниот Кари и неговите 40 поени, додека Дурант „броеше“ до 34 на оваа средба.

Најефикасни кај Сан Антонио при вечерашниот пораз беа Олдриџ со 28 и Леонард со 26 поени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top