Екипата на Реал Мадрид сами си ја одредуваат судбината за титулата оваа сезона во Примера дизивија. Во 37. коло на „Сантијаго Бернабеу“ во дерби дуелот против Севилја славеа со високи 4-1.
По денешниот триумф за „кралскиот клуб“ има уште две пречки на патот кон конечно освојување на титулата бидејќи има заостанат натпревар со Селта на гостински терен. Во последното коло Реал има уште еден натпревар и тоа против Малага кој истотака го игра на гости.
Решеноста на Роналдо и другарите да дојдат до уште една победа се виде од самиот почеток на мечот кога со сите сили атакуваа кон голот на Севилја.
Начо изненадувачки го доведе Реал Мадрид во водство со 1-0 во десеттата минута, а Кристијано Роналдо зголеми на 2-0. Стеван Јоветиќ на почетокот на вториот дел постигна погодок за надеж на Севилја, но Роналдо и Крос ги разрешија дилемите и донесоа убедлив триумф.
Барселона која чека кикс на Реал во еден од последните два меча рутински го одбрати последниот и славеше исто така убедливо против Лас Палмас. Нејмар во 25.минута го отвори резултатот, а две минути подоцна Луис Суарез зголеми на 0-2. Лас Палмас намали преку Бигас, но потоа на сцена стапи Нејмар и со уште два гола комплетираше хет – трик и ја потврди победата.
Атлетико Мадрид одигра 1-1 на гости против Бетис, а Спортинг Хигон и покрај победата на гости против Еибар се сели во понизок ранг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)