| четврток, 6 декември 2018 |

Анте Назор: Заигравме како што посакуваме кога беше најпотребно

ante nazor

Тренерот на МЗТ Скопје, Анте Назор, по првиот финален дуел истакна дека очекуваше ваков тежок и неизвесен натпревар, но задоволен е што неговите избраници успеаа да се вратат по негативата и да ја остварат првата победа во финалната серија. Назор имаше замерка за функционирањето во одбраната на неговиот тим, па смета дека треба значително да се поправат во тој сегмент за следниот дуел.

– Тежок и незвесен натпревар, тоа се очекуваше и пред стартот. Противникот играше одлично, ни направи доста проблеми, но ние покажавме карактер и заигравме тимски кога беше најтешко и најпотребно. Мило ми е што се вративме резултатски и остваривме многу важна прва победа. Мора да играме подобро во одбраната и да го поправиме протокот на топката, имавме многу проблеми во тој дел, поготово во ситуациите еден на еден. Треба да ги поправиме тие грешки за следниот натпревар и да се обидеме да играме уште подобро. Неизвесни ќе бидат и наредните средби, тоа е сигурно – изјави Назор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top