Околу 130 американски војници од првиот батаљон со седиште во Тупел, во државата Мисисипи, од 185 полк на авијацијата, ќе бидат распоредени на 10 месеци на Косово во рамки на силите на КФОР.
Војниците прво ќе минат подготовки во американски центри во рамки на програма за испраќање на Косово. Нивното ангажирање е дел од поддршката на НАТО операцијата за стабилност на Балканот, пренесе РТС.
Војниците ќе бидат во единицата за авијација што користи хеликоптери од типот УХ60 Блекхок. Американската база Бондстил од 1999 година се наоѓа во близина на Урошевац.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации