Регионалниот центар за управување со кризи Скопје, соопшти дека во понеделник и вторник можен е мал прекин на водоснабдувањето во населбата Гази Баба.
Како што информира РЦУК, повикувајќи се на известување од јавното претпријатие „Водовод и канализација“, почнувајќи од 9 часот ќе се започне со чистење и хлорирање на една комора од резервоарот Гази Баба.
– Со работа ќе се започне во периодот од 9 часот, па се до завршување на работите можно е да има мал прекин на водоснабдување во населбата Гази Баба. (општина Гази Баба), стои во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.