Прекинато водоснабдување утре од 9 до 15.30 часот ќе имаат корисниците од дел од улиците „Караорман“, „Загрепска“, „Леринска“ и „Ловќенска“ во
Општина Центар. Прекинот е поради поврзување стара со нова водоводна мрежа со пречник од Ф150 мм на ул. „Караорман“ бр. 2, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи по известување од ЈП Водовод и канализација.
Од 9 часот прекинато водоснабдување ќе имаат и корисниците од дел од ул.„Аминта Трети“ во Општина Центар поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од ф80 мм на таа улица. Прекинот ќе трае до санирање на дефектот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.