Корисниците од улицата „Бутелска“, подулици „1“, „3“, „5“, „7“ и „9“ утре од 9 часот ќе останат без вода за пиење.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во водоснабдувањето е изведување водоводен приклучок со пречник од 100 милиметри во Расадник, во индустриска зона во Бутел 1.
Прекинот во водоснабдување ќе трае додека не завршат работите за поставување на приклучокот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.