Луис Хамилтон славеше на патеката во Барселона и го доби директниот дуел со главниот конкрент за титулата, Себастијан Фетел. Трка исполнета со многу тактика и пред се емоции, а истите можеа да се забележат на едно младо момче на стартот од истата.
Имено, младиот фан на Кими Раиконен заплака, кога виде дека неговиот идол и миленик ја напушти трката уште на самиот старт, по судирот со Макс Верстапен од Ред Бул. Двата пилоти мораа да ја напуштат патеката, а најтажен во тој момент беше навивачот на Финецот, чија емоција беше забележана од целиот свет.
Сепак, денот за младото момче заврши со насмевка, откако доби можност и направи фотографија со Кими Раиконен во неговиот бокс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.