| четврток, 6 декември 2018 |

Навивачите на Интер си заминаа на полувреме: Ставаме завеса над срамот и понижувањето

Екипата на Интер и денеска ја продолжи својата очајна резултатска серија кога во мечот со почеток од 12.30 часот на домашен терен беа поразени од Сасуоло со 1-2.

Ниту смената на тренерот Пиоли не му помогнаа на Интер, кој е во најлоша серија во последните 70 години. „Нероазурите“ го доживеа шестиот пораз на последните седум натпревари.

На навивачите кои оваа сезона најпрво беа во конфликт со капитенот Икарди, денеска им дојде преку глава и со сурова порака му свртеа грб на клубот. Полупразната северна трибина прво им скандираше на играчите дека се недостојни и платеници и на крајот на првото полувреме истакнаа ги истакнаа пораките: “Сезона 2016-17: Ставаме завеса над срамот и понижувањето“ како и  „Со оглед дека нашата поддршка не ја заслужувате, одиме на ручек“ и го напуштија стадионот на полувреме.

022

Inter

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top