Дејвид Бекам сака да ѝ купи на својата сопруга Викторија цел остров и тоа со одобрение на четирите деца.
Со екстравагантниот подарок поранешната фудбалска ѕвезда сака да ја одбележи 20-годишнината откако за првпат се запознал со сопругата на свој натпревар.
Според извор запознаен со плановите на Бекам, Британецот веќе дури почнал да ги гледа островите околу Карибите, каде Џони Деп исто така има приватна сопственост, во потрага на местото кое ќе стане совршен агол за пусти семејни одмори далеку од папараците и дрски фанови.
За купувањето Бекам го предвидел “скромниот” буџет од 9 милиони фунти. И дури веќе планира да го крсти по најмалата ќерка Харпер.
Желбата на фудбалерот да се здобие со “приватен рај” сепак има и уште еден аспект. Со купувањето на остров тој ужасно многу копнее да го “претрка” конечно богатиот Ричард Бренсон, на кого со години му завидува за приватниот остров “Некер”, дел од Британските Девствени Острови.
-Дејвид ја обожава идејата неговото семејство да си има свој симбол на високиот општествен статус, а и секогаш му завидувал на Сер Ричард Бренсон за тоа дека го поседува” Некер “- рекол извор близок на семејството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.