Викторија Луческа по прекинувањето на врската, ги искористи сите можни начини да му покаже на Дејан Манасков што пропушта, но изгледа дека драмата меѓу нив не е се уште завршена.
Иако постојано објавува нови провокативни фотографии, Викторија во последно време пишува статуси кои ќе ве натераат да се запрашате за кого се наменети.
Така и овој пар, прилепчанката објави долг статус, кој изгледа како да е посветен на Манасков, а изгледа вака:
„А што треба да правам? Да се преправам како ништо да не се случило како ништо да не ни било? Добро! Но знаеш да беше оваа некоја сцена од филм би добиле оскар. Ам не сме ни Холивуд, а не беше ни филм, ниту пак глума. Што друго сакаш да направам, да исчезнам? И тоа ќе го направам, само ти биди среќен, а што ќе правиме кога ти ќе сакаш да се појавам и тогаш ли ќе глумиме. Ќе се правиме дека ништо не се случува баш како што сакаше. Единствено ќе ми биде жал по неколку години кога ќе ја осетиш осаменоста, ќе те јади ќе те мачи ќе ти ја погази гордоста и тогаш кога ќе погледнеш кон трибините пак ќе ме видиш мене но овој пат не сама со некој што ќе сака Се да биде Се, со некој што нема да глумам среќа. “
Инаку досега ракометарот кој пред месец дена потпиша за Рајн Некар Левен, ниту еднаш јавно не проговори за врската со Луческа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.