Дејвид и Викторија Бекам во јавност ги прославија 17-те години брак, покажувајќи колку се сакаат. Дејвид на Инстаграм напиша колку му значи Викторија, а ни таа не му остана должна.
Славниот пар ја прослави својата романса долга 20 години.
-Ова се случи пред 17 години на денешен ден. Среќен сум што запознав некого што размислува и посакува исто што и јас. Имаме четири преубави деца и не можев да посакам подобра и погрижлива мајка за нив. Среќна годишнина, те сакам- нашиша Дејвид Бекам
Дизајнерката пак напиша:
-Се чувствувам толку сакана и вистински благословена. Мојот најдобар пријател, мојата љубов. Најљубезниот човек кој ме инспирира секојдневно. Среќна годишнина на најдобриот сопруг и татко на светот- објави Викторија.
Викторија Адамс и Дејвид Бекам се запознаа во 1996 година, во период кога Викторија со другите девојки од „Спајс грлс“ уживаше голема популарност, а популарниот фудбалер имаше успешна кариера во „Манчестер јунајтед“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.