Скопјанка пријавила дека три лица завчера ја киднапирале и држеле во еден скопски хостел. Полицијата соопшти дека станува збор за Г.Ж. (43) од Скопје во дворот на куќата, ги затекнала лицата Б.П.(33) неговиот брат Т.П.(31) и А.Б.(31) кои и рекле дека нејзиниот љубовник Б.А. им должи 1.000 евра.
Тројцата потоа насилно ја внеле во возило со скопски регистерски таблици и ја однеле во хостел во Скопје каде ја заклучиле во една од собите и ја прашувале каде е Б.А. Во собата противправно ја држеле до 24 часот, а потоа ја вратиле дома.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Обид за киднапирање на дедото на Јелена Ѓоковиќ
-
Го киднапирале од улица „Јуриј Гагарин“ и го чувале во стан поради наводен долг
-
Киднапирање во тетовско: Му го грабнале зетот, па му барале откуп за да го ослободат
-
Киднапирање во село Љубош: Со вреќа на главата го фрлиле во комбе, па се разбудил во Батинци