| четврток, 6 декември 2018 |

Едно четврто и едно осмо место за Иџе на „Хунгароринг“

igor stefanovski - idze

Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски – Иџе кој се натпреварува во ЕТЦЦ шампионатот ги заврши настапите на патеката „Хунгароринг“ во близина на Будимпешта.

Тој во првата трка го зазема четвртото место и иако по лошиот старт успеа да се врати на место од кое ја стартуваше и освои нови пет бода во шампионатот.Норберт Наѓ од Унгарија е победник во првата трка, откако водеше од првиот до последниот круг.

Втората трка Иџе ја заврши на осмото место и запиша уште еден бод во генералниот пласман. Србинот Рудолф Песовиќ го мина нашиот Стефановски во претпоследниот круг и со тоа му одзеде два драгоцени бода.

Швајцарецот Кристјохансен Шрајбер е победник на втората трка, пред Александр Артемјев од Закахстан и Унгарецо Норберт Наѓ.

Наредната трка ќе се вози веќе идниот викенд на германскиот Нирбургринг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top