Победникот на 62. Евровизија, Португалецот Салвадор Собрал (27), од самиот почеток важеше за фаворит, но никој не знаеше каква тајна крие ова момче.
Неговата песна „Амар Пелос Доис“ е многу тажна, а речиси не постои човек кој не заплака кога ја слушна тажната приказна на ова момче. Имено, Салвадор чека на пресадување на срцето, но не сакал тоа да се знае за луѓето да не го сожалуваат.
На првите две проби во Киев, место Салвадор, пеела неговата сестра Луиса (инаку композиторка) бидејќи тој не можел да ја напушти земјата на подолг период поради проблеми со срцето. Тој во Киев стигнал последен, а до крајот на годината мора да најде донатор на срце инаку шансите за преживување му се речиси никакви.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.