Дваесет и три лица загинаа денеска во автобуска несреќа во околината на туристичкиот турски град Мармарис, во округот Мугла, а други осум лица се тешко ранети, изјави градоначалникот Амир Чичек, пишува весникот „Хуриет дејли њуз“.
Автобусот превезувал локални туристи, претежно жени и деца, кои патувале кон Мармарис од западниот округ Измир на еднодневна екскурзија.
Возилото удрило во карпа и се превртело, откако претходно возачот загубил контрола врз него.
– Во авотбусот немало странски туристи, посочи Чичек.
– Причината за несреќата се истражува. Можно е да имало проблем со кочниците, додаде тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Турски воен хеликоптер падна меѓу згради во Истанбул, загинаа четворица војници(видео)
-
Родителите биле против нејзината љубов: Милош и Наташа заедно заминаа и во смрт!
-
Во смрт со 170 километри на час: Милош и Наташа биле неразделни, а сега се забија во автобус и загинаа!
-
Турција осуди 74 лица на доживотен затвор поради вмешаност во обидот за преврат