| четврток, 6 декември 2018 |

Нголо Канте влезе во историјата на Премиер лигата

ngolo kante

Нголо Канте влезе во историјата на Премиер лигата. Минатата година славеше со Лестер, а оваа сезона му донесе шампионска круна на Челси. Тој е првиот фудбалер во историјата на Премиер – лигата, кој успеал двапати последователно да го освои пехарот, но со два различни тима.

Французинот е еден од најповлечените и најскромните фудбалери на Островот во приватниот живот, но е вистински лав на теренот, борејќи се за секоја топка. Нголо Канте ја доби наградата за најдобар фудбалер во Англија за 2016 година, а својата класа ја потврди и во новиот клуб, носејќи ја титулата од стадионот „Кинг Пауер“ на „Стемфорд бриџ“. Само тој се радуваше две сезони по ред, и тоа со два различни клуба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top