| четврток, 6 декември 2018 |

Џон Вол е херојот за Вашингтон, на три секунди до крајот се избори за мајсторка (видео)

dzon vol

Вашингтон и Бостон ќе мора да играат седми одлучувачки натпревар на теренот на Селтикси за да го дознаеме вториот финалист на Истокот во НБА плеј-офот. Џон Вол погоди тројката на самиот крај на шестиот натпревар и донесе победа за Вашингтон од 92-91. Така резултатот во серијата сега е израмнет на 3-3.

Во првото полувреме од мечот Вашингтон на моменти имаше и 10 поени предност, но Бостон со серија од 1-12 во финишот на првиот дел заминува на одмор со предност.

Во второто полувреме низ максимална израмнетост, сепак Бостон во последната минута влегува со пет поени предност. Ал Хорфорд на 7,7 секунди пред крајот погодува за 91-89, и кога сите мислеа дека Бостон оди во финалето на Истокот, сепак Вол на три секунди пред крајот со тројка носи победа за Вашингтон.

Најефикасен во победата на Вашингтон беше Бредли Бил со 33 поени, а Вол дополни со 26 поени, плус и осум асистенции. Маркиф Морис постигна 16 поени, дополнети и со 11 скока.

Одличната партија на тројката на Бостон, Бредли, Томас и Хорфорд не беше доволна за триумф. Томас и Бредли постигнаа по 27 поени, а Хорфорд постигна – 20 поени. Мајсторката се игра во понеделник, а победникот во финалето на Истокот ќе игра со Кливленд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top