Најпознатата спортска двојка Бастиан Швајнштајгер и Ана Ивановиќ пред еден месец се преселија во Чикаго и веднаш се прилагодија на живот во градот, кој очигледно многу им се допаѓа.
Тие се одлучија да живеат во пентхаус од 230 квадати кој се наоѓа на 58-от спрат од хотелот „Valdorf Astori“, а единствениот услов на Ана бил станот да има тераса. Желбата и е исполнета бидејќи станот има две тереси со прекрасен поглед на езерото Мичиген.
Германските медиуми пренесуваат дека цената за изнајмување на овој апартаман е 30.000 евра месечно, а доколку Бастиан и Ана се одлучат да го купат ќе мораат да искешираат 11,6 милиони евра.
Станот е опремен со најнова и најскапа технологија, има три камини, огромна дневна соба, трпезарија, кујна, неколку спални соби и теретана. Во станот има и дури пет купатила, уредени по најнови стандарди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)