| четврток, 6 декември 2018 |

Кавадарчани со поддршка „За заедничка Македонија“: Аргументите се во рацете на народот

Протестен марш и вечерва се реализираше во Кавадарци, приврзаниците на Граѓанската иницијатива за заедничка Македонија ги повторија барањата за отфрлање на тиранската платформа и зачувување на унитарноста на државата.

Пред присутните на градскиот плоштад се обрати Светлана Јосифова, историчар која нагласи дека веќе 75 дена се протестира, а мирните протести ќе продолжат до исполнување на барањата.

– Слушам по белиот свет многу невистини и неправди за Македонија, рече меѓу другото таа, нагласувајќи дека аргументите се во рацете на народот.

Додаде дека овие протести се аларм за будење.

– Три години Македонија е под закана и огромен притисок како од внатрешен, така и од надворешен фактор, рече Јосифова.

Изборот на претседател на републичкото Собрание, додаде, е државен удар. Нагласи дека народот нема да дозволи промена на името  Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top