Седумдесет и петти ден големо браво за сите. Одамна нè отпишаа, ама многу дни покажавме дека сме посилни, поистрајни и поупорни, бидејќи нашата битка е вистинска, немаме потреба ништо да измислуваме, нема потреба ништо да препакуваме, префабрикуваме, ниту пак зад нешто да се криеме. Нашата битка е битка за заедничка Македонија, битка за правда во Македонија и битка која ќе ја добиеме, истакна од пред законодавниот дом Богдан Илиевски од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.
– Талат Џафери иако нелегален, не го губи смисолот за хуморот, така денеска ќе каже дека во однос за мандатот за влада, пратеникот Талат Џафери посочил дека очекува Ѓорге Иванов да постапи согласно уставот, во законски рок од 10 дена, но потоа се зависело од парламентарното мнозинство, ако по 20-ти мај добиел предлог програма и состав за нова влада, Џафери бил категоричен дека ќе закажел собраниска седница за избор на влада, бидејќи немал обврска да чека повеќе. Многу е интересно, кога човек избран кршејќи 30 одредби од Устав и од закон, зборува за неговите обврски, што морал да направи по службена должност, што не морал. Нешто треба да знае господинот Џафери, во Устав стои дека мандатор поднесува предлог програма и состав на влада, а не било кој, а мандатор е оној кој ќе добие мандат од Ѓорге Иванов, дури не добие мандат од Ѓорге Иванов, нема мандатор. И пратеникот Талат Џафери и неговите другарчиња од тиранската коалиција, сите од еден кои го скршија Уставот и законите на Република Македонија, може да продолжат да си играат Собрание, па нека си играат и Влада. Еден ден правдата ќе ги стигне, нема бегање од тоа. Кривичниот законик тоа го вика самоволие, ние тука на улица знаеме да кажеме и дека станува збор за современа окупација, а против окупаторот богами ќе се бориме, бидејќи тоа е наша обврска. Ако се почитува се доследно, нема да има мандатор, затоа што мандаторот требало да даде писмени гаранции до претседателот Иванов дека ќе ја гарантира унитарноста на земјата или во превод Зоран Заев треба да се откаже од Тиранската платформа. Вие викате нема да се откаже, албанските партии викаат не не интересира, Заев што сака нека прави, ние си ја имаме таа Тиранска платформа или кој како сака си ја нарекува. Нејзината содржина добро ја знаеме, отворање дебата за знамето, химната, државниот грб, се тоа ќе финишира и со името, двојазичност во цела Македонија, бинационална држава, геноциден народ треба да станат Македонија. Ако ова е дел од дилот за нова влада, дилот е јасен, Ѓорге Иванов не смее да доделува мандат. Но Зоран Заев вика во комуникација сме со кабинетот да ја усогласиме таа изјава, откако претходно во комуникација со кабинетот на Рама ја усогласија Тиранската платформа, па во комуникација со кабинетот на Радев усогласија, кој е кој народ, во комуникација со сите можни луѓе на кои сака да им прави ќеиф. Сега решил во комуникација со претседателот Иванов и неговиот кабинет повторно да спроведе селска итроштина и да мисли дека ќе може да не излаже сите по 100-ти пат, можеби сме толерантни но не сме будали. Една работа не смееме да ја игнорираме, како што Службен весник мораше да постапи по одредена процедура, а после ќе се утврдува дали таа процедура е нелегална, односно ако има правда во оваа земја ќе биде така утврдено, поинаку не може да биде, така и претседателот Ѓорге Иванов има одреден протокол кој што мора да го следи, меѓутоа тој мора да реагира до реакцијата на судовите кои прогласуваат што е законски што не е законски, но тоа се судовите, тоа не се амбасадите околу Собрание кои што кажуваат што е легално, а што не е легално. Од Ѓорге Иванов цврсто бараме да стои на своите позиции, а неговите позиции се заклетвата која ја положил два пати на овој ден. Она што е важно за 12 мај 2014 година, тогаш инаугурацијата не доаѓаат претставниците на ДУИ и на СДСМ. Новите другарчиња кои го урнаа режимот од кој самите се дел не го признаваа легитимитетот на Ѓорге Иванов, а денеска бидејќи се спремни на се и на колена се спремни да клекнат за да им додели мандат. Но во духот на заклетвите дадени на 12 мај, бараме на овој ден 2017 година без оглед на сите писма што ги добива од м.м. претседателот на Собрание, Талат Џафери или од Зоран Заев, другарчето на Еди Рама, Ѓорге Иванов не смее да заборави на таа заклетва, не може никој писмено да гарантира унитарност, а потоа да спроведува двојазичност во цела држава, двојазична држава не е унитарна држава, истакна Илиевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.