Легендарниот Мајк Тајсон не штедеше зборови за новиот шампион во бокс во тешка категорија Британецот Ентони Џошуа и му предвидува блескава кариера во периодот кој претстои. Во интервју за британските весници најмладиот свески шампион истакна дека Џошуа има предуслови да стане недвојбен крал на тешката категорија.
– По последната борба со Кличко, за него само небото е граница. Можеше да остане на подот по тој удар, повеќето момци откако ќе примат таков удар не стануваат, или ако станат, губат самодоверба. Џошуа остана концентриран, но за боксер кој поминал 18-19 борби, беше фантастичен – изјави легендарниот Тајсон.
Поранешниот олимписки првак Ентони Џошуа го победи Владимир Кличко, а 50-годишниот Тајсон смета дека уште долг период никој не може да го победи Британецот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.