| четврток, 6 декември 2018 |

Тешко му е да ја пушти: Евровизиското запросување го здоболе македонскиот кошаркар (ФОТО)

Синоќа македонската јавност, но и сите кои го следеа евровизискиот фестивал беа сведоци на првото запросување на Евровизија кое беше дело на македонската експедиција во Киев, каде што нашата претставничка Јана Бурческа му кажа „да“ на сегашното момче Александар Филиповски. По запросувањето медиумите побрзаа да дознаат повеќе за избраникот на Јана, а покрај тоа што објавија дека заедно свират во нивниот бенд „Оф битз“, соопштија дека двојката е заедно околу две години.

Сепак, на профилот на „Фејсбук“ на поранешниот кошаркар на МЗТ, Урош Васиљевиќ, за кого се говореше дека е во врска со Јана, и не така одамна, во ноември минатата година, има објавено видео на кое Јана пее, а тој ја опишува како божица и и’ посакува многу среќа на Евровизија со зборовите „get them now baby!“.

Според фотографиите на профилот на Урош на „Фејсбук“, Јана летоска била кај него во САД на посета, а дали станува збор само за пријателски однос или врската помеѓу Јана и Урош траела малку подолго, а онаа со Александар пократко од две години, останува само да погодуваме.

13442238_10153385718237242_312379870674362595_n

На профилот на кошаркарот сѐ уште стојат фотографиите на кои двајцата се гушнати и вљубени, а чијшто датум е пред само една година.

Урош одбива и да ја тргне фотографијата на која Јана е во венчаница, на ланскиот Саем за венчавки во Скопје. „Толку беше“, пишува под фотографијата. Тоа пак е доволна причина за чаршиски муабет околу љубовните врски на Јана.

jana uros 3

Дали тоа дека Јана е заедно со Александар две години е само расипан телефон меѓу медиумите, или, пак пејачката и кошаркарот се само блиски пријатели, сега е небитно.

Бурческа имаше одличен настап за Македонија, го очекува првото дете и ќе подготвува свадба. Другото и не е веќе важно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top