Реал Мадрид на жешкиот терен на „Висенте Калдерон“ доживеа пораз 2-1) (во реванш дуелот од полуфиналето на Лигата на шампионите од Атлетико Мадрид, но благодарејќи на предноста од првиот меч на „Сантијаго Бернбаеу“ од 3-0, се пласираше во големото финале во Кардиф што ќе се одигра на 3. јуни.
Како и што се очекуваше, мечот беше полн со набој од самиот почеток, но по два дена излезе видео во кое фрла дамка над капитенот на „кралевите“ Серхио Рамос.
Тој во еден момент од мечот бара прво од Карим Бензема па потоа и од Кристијано Роналдо, да одглумат удар со лакт во нивната глава од страна на капитенот на „јорганџиите“ Габи кој во тој момент веќе имаше жолт картон.
„Амарилја“, е зборот кој го изговорува Рамос, јасно алудирајќи да изнудување на втор жолт картон и исклучување на Габи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)