Додека Европа ја прославува годишнината од победата над фашизмот, бриселските дипломати во Македонија инсталираат тоталитарен режим со помош на фашистички методи и техники. Поразително е да се гледа како по повеќе од седум децении по падот на нацистичка Германија, нацистичките методи за поробување држави и уништување народи сѐ уште се живи и активни. Огромна заслуга за враќањето на фашизмот на голема врата во Македонија имаат структурите на ЦИА од „дип стејт“, Џорџ Сорос, албанските радикали и македонските квислинзи кои се дрзнаа да тргнат против сопствениот народ за да се дограбат до власт по секоја цена.
За да се оправдаат силувањето на демократијата и уништувањето на една цела држава за потребите на надворешни центри на моќ, најважна работа беше да се заменат улогите на жртвите (народот) и насилниците (предавниците од СДС и албанските радикали). За таа цел беше употребена скандалозната тиранска платформа – адаптирана верзија на Карлсбадската програма од 1938 година со која фашистичка Германија си обезбеди алиби за окупацијата на Чехословачка во походот за реализирање на сонот на фирерот за создавање на Третиот Рајх.
Барањата од тиранската платформа не се ништо друго туку алатка за предизвикување гнев кај македонскиот народ за потоа да биде обележан како нецивилизиран, предизвикувач на нестабилност. Бидејќи народот најде начин како мирно и достоинствено да се спротивстави на опасната тиранска платформа, режисерите организираа нов инцидент во кој го предизвикаа народот да излезе од контрола. Тоа беше противзаконскиот избор на Талат Џафери за претседател на Собранието на што претходеше пеење на албанската химна. Понижување до крајна граница на кое не може да остане имун ни најмирољубивиот човек. Оттогаш Соросовите платеници со употреба на методи на Гебелсовата пропаганда го претставуваат народот пред светската јавност како дива орда, а квислинзите како жртви. Со тоа сценаристите си обезбедија алиби за реализација на сценариото за насилно преземање на власта.
Но, изборот на Џафери е само првиот чекор од окупацијата на државата со помош на марионетите на ЦИА и на Сорос. Експресното признавање на легитимитетот на нелегитимниот Талат Џафери од страна на остатоците од администрацијата на Обама и од дипломати од Брисел е само потврда за спрегата што постои меѓу овие структури и за одлучноста по секоја цена да се преземе власта во Македонија. Ваква агресивна политика на уцена каква што презентираат надворешните пријатели на Заев применувал и Хитлер при окупациите на европските држави провоцирајќи судири по секоја цена.
По 27 април сосема е јасно дека државата е на чекор од окупација и инсталирање марионетска власт строго контролирана од надвор. На народот насилнички му е одземено сувереното право да избира и да менува власт и секој што се противи и дава отпор ќе се соочи со гневот на новата тоталитарна власт.
Кога дипломатите застанаа зад пучистите и го осудија народот што си ја брани државата беше јасно дека тоа значи збогум на демократијата во Македонија. Лицемерна беше осудата на насилствата во Собранието од страна на истите оние кои со години организираат и поддржуваат обоени револуции, под плаштот на некакви наводни народни револуции, преку кои уриваа легално избрани власти на сите континенти на планетата. Никој од овие дипломати (за домашниве платеници не треба ни да се зборува) не се осмели да ги осуди насилствата во Египет, во Либија, во Турција… Уште повеќе, истите тие ги вооружуваа и поттикнуваа бунтовничките групи да се борат против властите. Никој од меѓународната заедница не побара одговорност од српскиот народ кој на 5 октомври упадна во Собранието на Србија, ниту за насилните демонстрации во Сараево, Софија, Атина преку кои народот изразуваше незадоволство од нивните избраници… Кажа ли некој од нив еден збор осуда за насилствата пред Владата на Македонија од 5 мај 2015 година кога беа повредени четириесетина полицајци? Па, за нив и УЧК во 2001 година не беа терористи, туку борци за човекови права. Нема да чекаме долго по формирањето на квислиншката влада кога Заев ќе ги ослободи и терористите од Диво Насеље и ќе ги прогласи за жртви. Но, затоа неговата криминална банда од СДС нема проблем да го обвини својот народ за тероризам.
Народот не го сфати сериозно предизборното предупредување на Никола Груевски за опасноста што ни претстои. Повеќе од 350.000 Македонци гласаа за Заев сметајќи дека со тоа уриваат режим, а не сопствената држава. Дури сега ќе го видиме вистинското значење на зборовите режим и тоталитаризам. Заканите дека Заев ќе јаде живи луѓе почнуваат да се реализираат со пресметка со сите неистомисленици во партијата, на улица, со медиуми, кај политичките противници… Буквално со сите што се противат на редефинирањето на државата и нејзиното обезличување. Впрочем, Заев и неговата банда деновиве повторно најавија дека подготвуваат чистки во судството, дипломатијата, здравството, образованието… Квислингот сега се заканува дека ќе спроведе тотално преуредување на општествениот и на економскиот поредок во согласност со политиката на неговите шефови – Сорос и ЦИА. Ако можеа да го легализираат скандалозниот избор на Џафери, тогаш може да помине секоја следна одлука штетна за народот и за државата. Коалициските партнери ќе си гласаат што сакаат, а наредбодавците ќе им ги признаваат одлуките без да им е гајле дали народот се согласува со тоа или не. Едно од најтешките предавства ќе биде одлуката за промена на името, кое деновиве го најави Зоран Заев. Во интервју за црногорски медиум квислингот најавува брзо решение за името за кое „ако треба ќе го прашаме народот“. Соросовите медиуми ќе продолжат да ги одработуваат милионите долари со ширење антимакедонска пропаганда и поттикнување насилство кон секој што не се согласува со нивната политика, а во исто време ќе ги правдаат диктаторското владеење и сите антидржавни одлуки.
ВМРО-ДПМНЕ има дел од одговорноста во однос на лошата стратегија во одбраната на државата. Може да ја напаѓаме дека го остави народот на улица сам. Но, колку и да ја обвинуваме ВМРО-ДПМНЕ дека не успеа од позиција на власт да го спречи во намерата насилно да ја преземе власта и да ја погази волјата на мнозинството, мораме да признаеме дека бројот на пратеници што ги доби на последните избори не дозволи да направи ништо повеќе. Единствено што ѝ остана е целосно да влезе во замката за предизвикување конфликт и да ја вовлече државата во граѓанска војна. Мора да имаме на ум дека во таква ситуација, која е посакувана и намерно провоцирана од внатрешните и надворешните непријатели, ќе биде уште потешко да се заштитат националните интереси. Затоа кога бараме одговорност од ВМРО-ДПМНЕ, мора да го побараме истото и од оние 350.000 Македонци што на 11 декември го заокружија Зоран Заев. Но, време за барање одговорност ќе има дури по изнесувањето на квислинзите пред лицето на правдата. Колку и да треба време за тоа, еден ден сигурно ќе се случи. Заев нема да избега од правдата. Неговите ментори можат да го стават насила на власт, но не можат да го одржат. Од правдата нема да куртулат ниту неговите потрчковци. Одговорност ќе понесе и целата пропагандна машинерија на Сорос која со години ја манипулираше јавноста. Дури и оние што сега се освестија дека поддржувале предавник. Морална, политичка или кривична одговорност ќе мора да понесе секој што на кој било начин предизвикал штета на државата и на народот. Од тоа нема бегање затоа што народот овој пат нема да се откаже од гонење на предавниците!
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.