Изборот за најзгоден новинар ги насмеа и колегите и јавноста, а предизвика и негодувања кај оние критички настроените. Како и да е, колегите што беа дел од нашата анкета го прифатија изборот онака како што ни беше замислен. Се појави интересна вест на „Брејкинг“ дека по одржувањето на електронската анкета за избор на најзгоден новинар, еден од кандидатите се жали на нерегуларности и најави барање на поништување на анкетата.

Панта Џамбазовски, новинар и презентер на телевизијата „Телма“, кој беше еден од кандидатите на анкетата на порталот „Република“ за најзгоден новинар од Македонија, тврди дека во гласањето имало низа нерегуларности и дека ќе го обжали гласањето. Џамбазовски вели дека тоа треба да се повтори и ако организаторот не обезбеди услови за фер и демократско повторено гласање, тој ќе биде принуден да го обжали изборот и до Управен суд.
Џамбазовски изјави за „Брејкинг“ дека бил најголемиот фаворит кој уживал огромна поддршка од гласачите, но пред крајот на гласањето, според него, некој ги наполнил „кутиите“ на другите кандидати, и тој бил неправедно потиснат во анкетата. Тврди дека дел од неговите гласови мистериозно исчезнал и се појавил на контата на другите кандидати.
Џамбазовски се надева дека засега овој скандал ќе се расчисти на џентлменски начин, но ако тоа не биде случај, тој е решен да оди до крај и да ја истера правдината на виделина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


