| четврток, 6 декември 2018 |

Охриѓани повторно со поддршка за иницијативата „За заедничка Македонија“

oh

Група граѓани на Охрид попладнево излегоа на улица во знак на поддршка на иницијативата „За заедничка Македонија“, повторувајќи ги своите ставови за зачувување на унитарниот карактер на државата и против воведувањето двојазичност на целата територија на државата. Во име на учесниците на протестот се обрати Владо Кецко, кој истакна дека реализацијата на платформата од Тирана донесена под покровителство на албанскиот премиер Еди Рама и косовскиот претседател Хашим Тачи, ќе значи менување на карактерот на државата, нејзините симболи.

– Именувањето на Џафери за претседател на Собранието е спроведено на нерегуларен начин со прекршување на деловникот, законите и Уставот. Џафери е црна дамка во македонската историја, човек кој беше командант кога кај Вејце беа масакрирани македонските бранители. Поставен беше за претседател на самиот ден на тој настан, што го иритира целиот македонски народ, рече тој.

Истовремено беше изразена поддршка на претседателот Ѓорѓе Иванов да не се даде мандатот за формирање влада на Зоран Заев, како и повторено барањето за одржување предвремени избори за решение на тригодишната криза во земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top