Битолчани повторно излегоа на масовен протест низ улиците во градот со цел да дадат поддршка на Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, која веќе 74 дена протестира против Тиранската платформа.
Граѓаните на Битола порачаа дека бараат нови избори за народот да се изјасни дали е за или против Тиранската платформа.
Тие порачуваат дека нема да дозволат промена на националната химна, знамето и името на државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.