Борис Дамовски од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ денеска пред собраните граѓани пред Собранието најави дека оние кои се самоизбраа со странско влијание ќе бидат затрупани со еден куп тужби.
– Граѓаните го владеат правото подобро од државата и затоа 80 пати илјадници луѓе го бараат истото. Не не слушаат, ќе прослушаат. Од спонзорираните вести, дојдовме до спонзорирана држава, спонзорирана Влада во обид. Со странско влијание се самоизбраа и покршија еден куп закони, затоа со еден куп тужби ќе ги затрупаме. Денешниот билтен на иницијативата укажува на многу охрабрувачки елементи, тужбата се шири се составува, се гради, ѕида, конечно да имаме правен темел на кој ќе ја вратиме државата за сите нас, а пред се за генерациите на кои треба да им ја оставиме. Со ова име, со ова знаме, со овој грб, со овој народ, со овие граѓани, изјави Дамовски.
Тој кажа дека за тиранската платформа сите знаат, само тие што ја носат не ја знаат и не ја признаваат.
– Се сеќавам на почетокот на секое спомнување на Тиранска платформа се ежеа пробуваа да ја превртат во Александар Паласовска платформа, па не знам каде била, меѓутоа таа останува тиранска и фактички и симболично. Ова е тиранија врз народот. Трпението го имаме, средствата ни се во раце, борбата продолжува. Нема предавање, нема назад, за Македонија се работи, изјави Дамовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Петиција потпишана од интелектуалци, новинари, филмски работници: Бараме правда за Борис Дамовски
-
Апелација одлучи: Борис Дамовски останува во притвор
-
Илиевски: Наша должност е на идните генерации да им оставиме земја во која ќе живеат заеднички, мирно и достоинствено
-
„За заедничка Македонија“ : Сигурно е дека битката за правда и вистина продолжува, нашиот отпор е наша должност