Шпетим Положани, претседател на здружението на албанските политички затвореници во Македонија, во интервју за медиумот на албански јазик во Македонија, Шења, говори за манипулацијата од страна на СДСМ кон македонските Албанци за време на декемвриските избори, на кои им биле ветувани противправни ослободувања од затвор за луѓе кои се осудени за тешки кривични дела и чии роднини во надеж дека нивните блиски ќе бидат ослободени, агитирале за СДСМ.
Положани со следниот одговор го објаснува фактот дека илјадници Албанци на последните избори гласаа за СДСМ.
– На последните парламентарни избори, наследниците на македонските комунисти – СДСМ, направија уште една манупулација против Албанците. СДСМ, заедно со нивните албански алатки ја искористи апатијата која кај албанскиот електорат е настаната од двете парламентарни албански партии, ДУИ И ДПА. И на сметка на оваа апатија го создадоа ситуација албанскиот електорат да гласа за нив. Таквата насоченост на албанските гласови не е нормална појава, бидејќи ако е нормално една македонска партија да има албански гласови, тогаш би било нормално да има и македонски гласови за албанските партии – вели Положани.
Тој ги открива манипулациите со кои СДСМ се служел за манипуларање на албанскиот електорат.
– Имам евидентирано неколку случаи каде на албански семејства, СДСМ им има ветено дека ако гласаат за нив ќе ги ослободи од различни кривични пријави, дека ќе им дадат некакви си привелегии, секако ако дојдат на власт. Самиот факт дека СДСМ има најмногу албански гласови во руралните места, таму каде што полесно луѓето се контролираат кажува дека тие гласови ги има добиено со манупулирање и празни ветувања. И добро е што СДСМ нема гласови од албански интелектуалци – потенцира Положани.
Прашан како го гледа влегувањето на СДСМ во албанскиот камп, Положани е дециден.
– СДСМ ги зеде албанските гласови со една класична манипулација, што не е новина. Тие им ветија на фамилиите на затворениците дека ќе ги ослободат од затвор нивните деца или блиски, ако гласаат за СДСМ – објаснува тој.
-Како е можно тие затвореници за кои се аргументирани тешки кривични дела да бидат ослободени – прашува Положани.
Споменувајќи еден класичен пример, вели: „Еден родител оди од куќа на куќа да моли за гласови, демек така ќе излезе неговиот син од затвор, кој е осуден на 12 години, затоа што во неговото возило му нашле 15 килограми кокаин“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.