Изминативе четири години Советот на градоначалниците од Источно-планскиот регион донеле одлука за реализација на 60 проекти во регионот од кои 54 се целосно завршени. Ова беше истакнато денеска на последната Седница на Советот во овој состав на градоначалници чиј мандат завршува в понеделник, на 15 мај.
Како што истакна Драгица Здравева, директор на Центарот за развој на ИПР, во наредниов период останува да се дозавршат уште три проекти, а за три нови е деновиве потпишан договор за реализација.
– Овие денови почнува реконструкцијата на општинската зграда на Општина Кочани во рамките на проектот „Зелени згради за заедничка зелена иднина“ средствата се обезбедени од еврпските фондови. Паралелно се имплементира проектот за Клиничката болница Штип, дел од средствата се за набавка на опрема за Одделението за уво нов и грло. Потпишани се договори за три регионални проекти кои се обезбедени преку Нациналната програма за рамнмерен регионален развој во вкупна вредност од 14 милиони денари и 2 милиони денари кофинансирање на општините. Станва збор за регулација на Виничка Река 1 фаза, изградба на спомен обележјето на загинувањето на Никола Карев во Свиланово, проект за регионален етнопарк во Општина Зрновци, рече Здравева.
Таа додаде дека јавните набавки за сите проекти се претходно завршени и проектите ќе бидат реализирани. Претседателот на ИПР, Ратко Димитровски, истакна дека заложбте на градоначалниците и нивната соработка со Центарот за развој на ИПР и со Владата и другите донатори, му овозможиле на регионот проекти кои ќе му донесат развој.
– Состојбата се променува во делот на ИПР. Ние бевме на претпсоледно место во делот на развојот, а според статистичките податоци, ние напреднавме и регионот е неколку места понапред. Можам да кажам дека нашите апели и заложби вродија со плод. Овде финишра изградбат на автопатот, започнува изградбата на експресниот пат з а Кочани, има низа проекти во сите општини кои сами по себе носат развој, рече Димитровски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.