| четврток, 6 декември 2018 |

Еве каква се опасност кријат морските плодови во храната

Љубителите на морските плодови конзумираат до 11.000 мали парчиња пластика секоја година, а десетици честички остануваат во нивните ткива, предупредуваат научници – пишува „Дејли телеграф“.

 Научниците од Универзитетот во Ген, Белгија, сметаат дека микроскопските пластични честички се акумулираат во телото во текот на времето и можат да го загрозат здравјето на долг рок. Според нив количеството на апсорпција пластика само ќе расте со зголемувањето на загадувањето на океаните.

Д-р Колин Јансен, кој раководи со оваа студија вели дека присуството на пластични честички во телото предизвикува загриженост.

– Каде одат? Дали се врзуваат во ткивата и се заборавени од телото или предизвикуваат воспаленија и други работи? Испуштаат ли оваа пластика хемикалии, кои потоа предизвикуваат труење? Не знаеме, а треба да се знае – вели истражувачот.

Ова е првото детално истражување на ризикот од пластичните честички кои спаѓаат во нашето тело со конзумирањето на морска храна. Научниците пресметале дека над 99% од микроскопски пластични честички поминуваат низ човечкото тело, а останатиот процент паѓа во ткивата.

Доколку овој тренд се задржи до крајот на векот, луѓето кои редовно јадат морска храна, може да консумираат 780.000 пластични честички на година, при што апсорбираат 4.000 од нив во дигестивниот систем.

Разградувањето на пластиката на мали честички во океанот трае со децении, па дури и векови, но многу научници сметаат дека никогаш не исчезнува во целост.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top