| четврток, 6 декември 2018 |

Мапа на стравот: Македонија меѓу најзагрозените на Балканот

Британското Министерство за надворешни работи издаде мапа на Европа на која земјите се поделени во четири категории, според тоа колкав е ризикот од тероризам.

Меѓу најзагрозените се Германија, Франција, Турција, Белгија, па дури и на Велика Британија, додека „оаза на безбедност“ се земјите како Исланд, Чешка, Унгарија, Сан Марино, Швајцарија …

Териториите означени со црвена боја укажуваат на голема терористичка закана, и претставуваат  кои делови од Европа се „омилени цели“ за напад, и каде има докази.

Оваа група ги вклучува Велика Британија, Турција, Белгија, Германија, Франција, Шпанија и Русија.

Земјите означени во портокалова боја, меѓу кои и Македонија, спаѓаат во групата во која постои одреден степен на терористички активности.

„Портокаловиот дел од Европа“ се состои од Австрија, Азербејџан, Кипар, Данска, Италија, Казахстан,  Холандија, Шведска и Украина. Покрај Македонија, најзагрозени на Балканот се Босна и Херцеговина и Грција.

Останатите држави од Балканот се обоени жолто, односно се територии каде постои многу ниско ниво на терористички активности. Овде спаѓаат Србија, Албанија, Белорусија, Бугарија, Хрватска, Финска, Грузија, Ирска, Луксембург, Монако, Црна Гора, Норвешка, Португалија, Романија и Словачка.

Групата на земји обоени во зелено ја сочинуваат „оазата на мирот во Европа“, каде што речиси и да нема опасност од тероризам. Таа се состои од Андора, Ерменија, Чешка, Естонија, Унгарија, Исланд, Латвија, Лихтенштајн, Литванија, Малта, Молдавија, Полска, Сан Марино, Словенија и Швајцарија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top