| четврток, 6 декември 2018 |

Допрва следи поголема опасност: Западот по поразот на Исламска држава го чека нова опасност

Известувачките служби проценуваат дека во ИД се приклучиле 30.000 лица од дури 100 земји, а на тоа треба да се додаде и голем број на екстремистички групи кои постојат веќе со децении.

Во Авганистан меѓу 1996 година и 2001 година броел од 10. До 20.000 исламски милитантни под водство на Осама Бин Ладен. По падот талибанскиот режим, многумина од нив се раширија по светот, промовирајќи радикална идеологија која се шири и понатаму.

Експертите предупредуваат како такви, искусни, воено обучени џихадисти, представуваат долгорочна закана за Западот.

„Само сегашните 250 борци кои се вратија од Франција се доста сложен проблем“, изјави противтерористичкиот експерт од Париз.

Повеќето од нив или им се суди или се на издржување на затворски казни од пет до седум години максимално. Тоа значи дека нсакоро ќе почнат да ги напуштаат затворите. И проблемите одово почнуваат. Метју Гвидер, експерт за радикализам на Универзитетот во Тулуз, тврди дека најрадикалните ќе преживеат.

„Не заборавајте како мислевме дека по ликвидацијата на Бин Ладен мислевме дека завршивме со Ал-Каеда. Сепак нејзиното рушење само доведе до нешто уште полошо. Џихадистите многу добро знаат како да се прилагодат на новите услови. Создаваат нови структури и се прилагодуваат на новата околина, а со тоа Западот тешко може да се бори“, објаснува Гвидер.

Како што покажуваат терористичките напади во Париз, европските известувачки агенции не се баш премногу успешни во пратењето на исламиските борци кои се враќаат од Блискиот исток. Така би требало да бидат мотори и на постарите џихадисти – оние од војните во Босна, Авганистам и Ирак, кои секој момент повторно можат да се свртат кон насилие, наведува Бизнис Инсајдер.

„По падот на калифот, цел свет ќе плаќа затоа што се прави дека не гледа како џихадистикото чудовиште расте пред вратите на Европа. Секако најголем пех ќе платат европските држави каде од Исламската држава се приклучија 5000 луѓе, предупредива Жан Пјер Филиу, експерт за исламскиот екстремизам од Париз.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top