Импровокација во сабота (13 мај 2017) година на „керал“ сцената на Народен театар охрид, репертоарно ќе се одигра седмата епизода од втората сезона на најпопуларното шоу „Импровокација“, со актерите Стрезо Стаматовски, Филип Кипровски и Никола Тодороски, помогнати од Филип Ангеличин – Жура.
Импровокација започнува во 21:00 часот, а влезниците се купуваат во музичката продавница „Зи-Зи топ“. Новата „ИМПРОВОКАЦИЈА“ носи нови игри и многу забава.Ваквата форма на театар за првпат се воведува во нашата земја, па дури и во регионот. Целта на „ИМПРОВОКАЦИЈА“ е преку еден неформален и забавен начин да ја демистифицира магијата на создавање театарски игри (сцени) за да го доближи театарот што повеќе до пошироката публика. Театарската импровизација „ИМПРОВОКАЦИЈА“ е спонтана, забавна и смешна, но како сите други работи треба да се види и доживее за да се ужива во неа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.